•  
     

Црна Гора

Црна Гора е мала, планинска држава на Балканот, на Јадранско Море. Според нејзиниот устав таа е демократска, социјална и еколошка држава. Црна Гора, просторно и по бројот на жители најмала република од поранешна СФРЈ, географски припаѓа на среден Медитеран, односно Јужна Европа. Се простира на речиси 14.000 километри и според податоците од 1998 години во неа живеат повеќе од 650.000 жители.

Со Уставот на Црна Гора од 1992 година Цетиње е прогласено за престолнина, а Подгорица за главен град.

На југоисток Црна Гора се граничи со Албанија, на југ од Италија ја дели Јадранското Море, а на запад соседи и се поранешните југословенски републики Хрватска и Босна.

Повеќе векови Црна Гора била де факто независно кнежество владеена од повеќе династии. Републиката се здобива и со де јуре меѓународно признавање на нејзината независност, по Источната Криза (1875 - 1878), на Берлинскиот Конгрес. На 28 август 1910, црногорскиот кнез Никола Петровиќ Његош се прогласува за крал.

После Првата светска војна Црна гора станува дел од Кралството на сбри, хрвати и словенци (од 1928 - Југославија). Помеѓу 1945 и 2003 Црна Гора е република на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузна Република Југославија, респективно, а од 2003 до 2006, составен дел од Србија и Црна Гора. По одржаниот референдум на 21 мај 2006 година и по мнозинското изјаснување за независност, Црна Гора на 3 јуни ја обнови својата независност. Според официјалните податоци вкупно 55,5% од граѓаните со право на глас, гласале за независнот од постоечката државна заедница.

Земјата граничи со Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина (Република Српска) и Албанија и српската покраина Косово.

Поголеми градови во Црна Гора се: главниот град Подгорица (139.100 жители), Никшиќ (61.700), Плевља (18.800) и Бијело Поле (17.100). Поранешниот кралски главен град е Цетиње.

0Large-1.jpg


montenegro-zoomed.jpg


soborna.jpg